Летните Олимписки игри нема да се одржат ни во 2021 година!?

Логото на Олимписките игри / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Организаторите веќе прават план за откажување на Олимписките игри во Токио, изјави еден од членовите на организацијата на Летните Олимписки игри во Лондон во 2012 година, Сер Кит Милс.

Олимписките игри ќе се одржат оваа година и се прави сè за тоа да се случи, изјави уште порано премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, но Милс не смета така.

– Поради пандемијата на коронавирусот низ целиот свет, во Јужна Америка, Северна Америка, Африка и Европа, не изгледа добро. Доколку бев на местото на организаторите во Токио, веќе ќе подготвев план за откажување и сигурен сум дека тие веќе го имаат – рече Милс.

Тој исто така наведува дека Јапонците најверојатно ќе го чекаат последниот момент да го објават откажувањето, бидејќи се надеваат на брзо закрепнување на планетата од пандемијата со вакцинацијата.

– Тоа е тешка одлука, не би сакал да бидам во нивна кожа. Тоа би било трагедија – вели Милс.

Јапонскиот службеник, Таро Коно, стравува дека и покрај сè што се прави, може да се случи нешто непредвидено.

– Треба да се подготвиме најдобро што можеме за она што претстои, и тоа го правиме. Сепак, сè може да оди во различни насоки – се зборовите на Коно.

Од друга страна, портпаролот на организацијата во Токио, Маса Такаја, тврди дека за одложување не било ни дискутирано.

– Да бидеме јасни, досега не сме разговарале за ново одложување на игрите. Со сите сили сме фокусирани на целта со цел да си организираме сигурни и безбедни Олимписки игри ова лето. Гледаме што се случува во светот, но ќе ги организираме игрите оваа година, кои ќе започнат на 23 јули – дециден е Такаја.

Коронавирусот е најважната тема и во 2021 година, многу земји сè уште се во карантин, со рестрикции, а веќе се ближи февруари. Прашање е каква ќе биде состојбата за два или четири месеци, сите се надеваме дека Олимписките игри ќе го имаат своето место оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот