Летале маси и столици – иселеници од Македонија и Албанија се тепале пред ноќен клуб во Италија
Во близина на италијанскиот град Перуџа викендов избила тепачка пред ноќен клуб помеѓу две групи иселеници од Македонија и Албанија. Како што пишуваат италијанските медиуми, причината за инцидентот била поради фотографија направена без дозвола со телефон.
Препорачано
Вербалната расправија поради фотографијата за кратко време прераснала во физичка пресметка на улица, а учесниците се тепале со маси, столици и дрвени палки. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.
Италијанската полиција уапсила 11 лица на возраст меѓу 19 и 31 година, од кои пет имале криминални досиеја.
Кога двајца од учесниците, сакале да побегнат со автомобил, со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин. Лицето е згрижено во болница и не е во критична здравствена состојба.
Сите приведени се префрлени во затворот „Капане“ во Перуџа и ќе се соочат со обвиненија за тешко насилство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
32мин
-
42мин
-
46мин
-
46мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


