Лесен ручек за жешките денови: Плескавици од ориз

Youtube

Состојки:

300 грама ориз
200 грама компир
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 морков
5 лажици презла
2 јајца
масло за јадење
зачини по ваша желба

Подготовка:

Во две различни тенџериња сварете ги оризот и компирот.

Потоа, сварениот ориз извадете го од врелата вода и измијте го со ладна вода. Префрлете го во цедалка и оставете го да се исцеди.

Сварениот компир извадете го од водата и почекајте да остине. Потоа, излупете го и убаво испасирајте го со помош на вилушка.

Испасираниот компир, префрлете го во подлабок сад, додајте му го оризот, јајцата, зачините, ситно исечканиот кромид, сечканиот лук како и ренданиот морков. Сите состојки со рака убаво измесете ги. Вака добиената смеса, оставете ја да отстои во фрижидер околу два часа пред да почнете со подготовка на плескавиците.

Во тава на оган ставете малку масло и обликувајте ја смесата. Пржете сѐ додека плескавиците не ја добијат посакуваната боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот