Лепа Брена и Мадона сосетки во Монте Карло: Се сретнале во лифт, но дали пијат кафе заедно?

Instagram
Instagram

Две дами, една ѕвезда на Балканот и пошироко, а другата од светски размери, но и двете пејачки поголемиот дел од пандемиските денови со своите семејства ги поминуваат во Кнежевство Монако.

Лепа Брена, која со години поседува стан во Монте Карло, има сосед кој е светски познат, ни помалку ни повеќе, туку Мадона. Нивните луксузни недвижнини се толку блиску, што нивните тераси се една спроти друга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Српската пејачка Лепа Брена и светската ѕвезда Мадона Луиз Чиконе се сосетки во Монте Карло.

Двете познати дами можеби не се сопственички на станови во истиот објект, но нивните тераси се една спроти друга.

„Брена и Боба Живојиновиќ со години поседуваат недвижен имот во Монте Карло, каде што и моментално се наоѓаат. Кога избувна пандемијата, тие буквално се преселиле таму бидејќи на тој начин нивните денови биле поубави и исполнети. Тие познаваат многу луѓе од светската сцена кои имаа свои недвижнини во Монте Карло. Многу познати имиња од јавниот живот се сопственици на недвижен имот во Монте Карло, а Мадона е меѓу последните. Пејачката скоро купила стан во соседната зграда каде што престојува Брена. Нивните станови се дури со иста големина и имаат ист распоред на соби“, пренесува Нова.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Пред да купи стан, Мадона редовно го посетувала Монте Карло за одмор и релаксација, па дури и во бројни интервјуа има изјавено дека тоа е нејзиното омилено место за забава. Пред шест години, Лепа Брена имала можност да ја запознае Мадона, но не ја препознала веднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


„Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифт и видов мала жена која многу наликуваше на неа. Беше со обезбедување, имаше темни очила, жената беше облечена во спортска облека. „Реков погледнете ја оваа жена, личи на Мадона, а потоа сфатив дека е таа“, изјавила еднаш Брена во едно од шоуата на „Гранд“ – пренесува Нова.рс.

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ во 2016 година го реновирале својот стан во Монте Карло, за што освоиле околу 50.000 евра. Потоа го промениле целиот мебел во станот, кој се простира на 150 квадратни метри со голема дневна соба, две кујни, голема тераса, спална соба и три соби за гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот