Леле, леле што направивме: ФИБА потсети на тројката на Илиевски! (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Леле, леле што направивме: ФИБА потсети на тројката на Илиевски! (ВИДЕО)

Владо Илиевски ја постигнаа таа легендарна тројка за историско полуфинале на Македонија на Европското кошаркарско првенство пред осум години.

Илиевски во прав момент ја искористи асистенцијата на Лестер Бо МекКејлеб за неизмерна радост во нашата земја и пошироко.

Официјалната Фејсбук страница на ФИБА Еуробаскет потсетува на нашиот најголем кошаркарски успех на репрезентативно ниво.

Во 2011 година најдобрата македонска кошаркарска репрезентација предводена тогаш од селекторот Марин Докузовски го освои историското четврто место, беше многу блиску до освојување на медал.

Таа златна година ФИБА потсетува на едно од најголемите изненадувања во историјата на европските шампионати. Во незаборавното четвртфинале, нашите кошаркари ја шокираа кошаркарска Европа елиминирајќи го домаќинот Литванија.

Владо Илиевски беше еден од лидерите на тимот, но секако историски момент ќе биде неговата легендарна тројка против литванската селекција, што се покажа како клучно за големиот триумф.

Се поставува прашањето дали ќе имаме повторно вакви незаборавни моменти, успеси на една кошаркарска репрезентација на големите натпреварувања?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close