Себастијан Лекорну, новиот премиер на Франција - ФОТО - Х

Лекорну повторно ќе поднесе оставка доколку не му ги исполнат условите

Повторно назначениот француски премиер Себастијан Лекорну изјави дека е подготвен повторно да поднесе оставка доколку не се исполнат условите што ги поставил за водење на владата.

На 6 октомври, Лекорну поднесе оставка за прв пат, откако беше премиер само 27 дена. Како причина тој ја наведе реакцијата на опозицијата на неговиот потег да се откаже од користењето на уставниот механизам што ѝ дозволува на владата да донесува закони без согласност на парламентот, како и политичките игри пред претседателските избори.

Поднесов оставка затоа што условите повеќе не беа исполнети. Ако повторно не се исполнат – ќе си заминам. Нема да правам ништо брзоплето, изјави Лекорну за „Ла Трибјун“.

Тој додаде дека планира да формира „послободна“ влада, а некои назначувања, вели тој, би можеле да ги изненадат Французите.

Неговото враќање на премиерската функција следеше по барање на претседателот Емануел Макрон, кој му вети поголем степен на автономија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот