Лекари ќе го анализираат мозочното ткиво на масовниот убиец од Мејн

Убиецот од Мејн / Фото принтскрин

Мозочното ткиво на американски масовен убиец е испратено на анализа за да се утврди можната врска помеѓу неговата болест и неговата воена служба. Роберт Кард на почетокот на годинава уби 18 луѓе во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, а подоцна беше пронајден мртов.

Во дивеењето на 25 октомври, тој пукаше во куглана и бар во Левистон, при што уби 18 луѓе. Тој беше пронајден мртов по тридневна потрага. Кард бил резервист на американската армија и постои загриженост за неговата постојана изложеност на експлозии додека тренирал почетници како да пукаат.

Властите сакаат да утврдат дали повредата на мозокот можеби придонела за неговото необично однесување што доведе до масовното пукање.

Пријателите и семејството рекоа дека тој покажал знаци на параноично однесување ова лето додека тренирал регрути во Вест Поинт во Њујорк и бил примен во психијатриска болница две недели. Тие, меѓу другото, рекоа дека слушал гласови и верувал дека другите го обвинуваат дека е педофил.

Колегите на Кард биле толку загрижени што неговиот пристап до оружје бил ограничен кога ја напуштил болницата, а најмалку еден резервист изразил загриженост за масовното пукање.

Имаше стравувања дека тој може да изврши уште едно масовно убиство додека полицијата го бараше по пукањето. Подоцна се покажа дека Кард се самоубил. Власитте велат дека лабораторија во Масачусетс го анализирала мозочното ткиво на Кард.

Пентагон соопшти дека војската била вклучена во разни студии за влијанието на т.н прекумерен притисок на експлозијата врз мозокот и да се намали изложеноста на војниците на експлозии додека не стигнат резултатите.

„Армијата е посветена на разбирање, ублажување, прецизно дијагностицирање и брзо лекување на прекумерниот притисок на експлозијата и нејзините ефекти во сите негови форми. Иако продолжената изложеност на експлозија може да биде потенцијално опасна, дури и ако се сретне на терен за обука наместо на бојно поле, ние сè уште имаме многу да научиме“, рече потполковникот Роб Лодевик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот