Лејкерси подобри од Голден Стејт (ВИДЕО)

twitter.com/LakersSBN

Во контролен меч на два поранешни НБА шампиони, екипата на Лос Анџелес лејкерс го совлада Голден Стејт вориорс со 104:98.

„Езерџиите” ги добија првата и третата четвртина со 28:17 и 32:24, додека гостите од Оукленд беа поуспешни во вториот и последниот период 31:27 и 26:17.

Зек Норвел беше прв стрелец со 22 поени за Лејкерси, додека Ли со 18 и Кари со 17 поени се одвоија како најефикасни за Вориорси.

НБА предсезона, резултати:

Мајами – Атланта 120:87
Мемфис – Шарлот 99:120
Далас – Оклахома 107:70
Јута – Сакраменто 115:128
Феникс – Денвер 102:107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот