„Легијата на слободата на Русија“ негира инволвираност во масакрот
Група руски граѓани кои се борат на страната на Украина, и кои себе си се нарекуваат „Легија на слободата на Русија“ негираат каква било одговорност за нападот во концертната сала во близина на Москва.
Препорачано
Нејзините борци во конфликтот меѓу Русија и Украина ја зазедоа страна на Киев и во неколку наврати се судрија со руската војска. Изминатите денови преку границата на Украина и Русија влегоа на руска територија и зазедоа неколку села од областа Белгород.
Путин ги евакуираше жителите и отвори оган врз нивните позиции со сите расположливи средства. Истата тактитка која се користи и во фронтот на источна Украина. Масовно уништување на сите градби со цел да му оневозможи на непријателот да се крие, а потоа силен напад со пешадија. Но овој пат тоа гоправи на сопствена територија.
Легијата на слободата на Русија, чии борци се дел од вооружените сили на Украина, во соопштение нагласуваат дека „тие не се во војна со мирољубивите Руси“ и ги обвини руските безбедносни сили за добро испланирано сценарио.
Според последните информации кои кружат во руските медиуми специјалните сили на земјата успеале да уапсат еден од напаѓачите и извршителите на страшниот масакар.


