Легендата на Рома и на Италија заврши во болница поради коронавирус

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на Рома, Даниеле де Роси, се наоѓа во болница поради коронавирус, пишува „Газета дело Спорт“.
Ситуацијата со Де Роси не е премногу сериозна, тој не се наоѓа во болница бидејќи здравјето му е сериозно загрозено туку како мерка на препазливост, пишува весникот.
Де Роси беше позитивен на коронавирус по враќањето од обврските со италијанската репрезентација каде му е помошник на селекторот Роберто Манчини.
Вистински кластер е создаден меѓу италијанските репрезентативци бидејќи пред Де Роси, позитивни на коронавирус беа и Бонучи, Флоренци, Верати, Грифо, Крањо, Бернардески и Сиригу.
Даниеле де Роси е вистинска легенда на Рома за која настапуваше од 2001 до 2019 година, а кариерата ја заврши во Бока Јуниорс во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот