Легендарниот тенисер Борис Бекер осуден на 2,5 години затвор!

Борис Бекер избегнувал плаќање долгови/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Еден од најдобрите тенисери на 20 век, Германецот Борис Бекер, мора да оди зад решетки бидејќи го криел својот имот за да не плати долгови. Претходно тој прогласи банкрот.

Шесткратниот победник на Грен слем турнири, легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) е осуден на 30 месеци или две и пол години затвор, јавува „Би-Би-Си“.

Бекер е виновен што сокрил имот и кредит во вредност од два и пол милиони фунти за да избегне плаќање долгови.

Тој негираше дека го прекршил законот за несолвентност на Обединетото Кралство откако прогласи банкрот во јуни 2017 година поради неплатен заем од 3 милиони фунти на луксузен имот во Мајорка.

Тој им должел на доверителите речиси 50 милиони фунти, а по прогласувањето банкрот, Бекер платил речиси 390.000 фунти од неговата деловна сметка на други.

Поротата го прогласи за виновен по четири точки според британскиот закон за стечај и го ослободи од 20 точки, вклучително и обвиненијата за недавање тениски трофеи и медали, вклучително и два од „Вимблдон“.

На почетокот на овој месец, поротата го прогласи Бекер за виновен за отстранување на имотот, по две точки од обвинението за неоткривање на имотот и прикривање на долг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот