Легендарниот Лари Кинг во болница

Познатиот и легендарен американски телевизиски водител Лари Кинг (85) доживеа срцев удар.

Кинг со месеци имал проблеми со дишењето, наведува неименуван извор, па поради тоа славниот водител одлучил да се прегледа во една локална болница на ангиограм.

Наводно, Кинг претрпел срцев удар во својата куќа додека се подготвувал да тргне во болница на преглед.

Итно бил одведен во болница, каде докторите извршиле ангиопластија и му вградиле неколку стентови.

На водителот ова му е втор срцев удар, првиот го доживеал во 1987 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот