Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

„Ле Монд“ обвинет за неточно известување: Украинците ги негираат информациите за предавање на Донбас на Русија

Украинските власти ги негираа информациите за наводната подготвеност на Киев да се согласи со создавање тампон-зона, или демилитаризирана зона, во Донбас, а советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Дмитриј Литвин, го обвини францускиот весник „Ле Монд“ за погрешно претставување на информациите.

Францускиот весник претходно објави, повикувајќи се на извори, дека Украина е подготвена да прифати создавање демилитаризирана зона во Донбас за да се стави крај на конфликтот.

„Медиумите ги ширеа информациите како Украина да се согласила на демилитаризирана зона во Донбас, но преводот и презентацијата беа неточни. Советникот на кабинетот на Зеленски, Михајло Подољак, на чии зборови се повикуваа медиумите, рече дека може да се разгледаат различни сценарија, но дека сè зависи од деталите и како тоа би функционирало во пракса.

Дали Украина ќе се согласи на такви чекори се одлучува исклучиво на највисоко политичко ниво или од народот на Украина“, го цитираше украинскиот телевизиски канал „24“ Литвин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот