Ле Дриан за состојбата во Украина: Најлошото можеби е пред нас

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан/ Фото: МИА

Можно најлошото допрва ни претстои во војната што ја води Русија во Украина, изрази голема загриженост, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

-Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати, предупреди шефот на француската дипломатија на јавната во интервјуто за ТВ Франс 2.

Сирија и Чеченија беа уништени од руските бомби во последните децении.

„Војната предизвикува стотици смртни случаи, исто така и на руската страна”, коментираше Жан-Ив Ле Дриан, додека неговиот американски колега Антони Блинкен во средата веќе го опиша како неверојатен човечкиот биланс од руската инвазија, во која се уништени невоени цели.

Рускиот претседател Владимир Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг”, потврди францускиот министер за надворешни работи.

-Тоа е логиката. Приказната за Донбас и двете републики Доњецк и Луганск за кои зборувавме пред неколку дена беше алиби, тоа беше изговор. Волјата на Путин е да избегне на неговиот праг да има демократски модели кои на крајот можат да влијаат на развојот на Русија, објасни тој

Шефот на француската дипломатија повторно повика на руски прекин на огнот, пред какви било преговори, додека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да се одржи в четврток во Белорусија, на границата на оваа земја со Полска.

-Тоа го нарекуваат разговори. Тоа не се преговори. Не преговараш со пиштол вперен во главата. Затоа, императив е да се воведе прекин на огнот, инсистираше тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот