Лажните вести не „живеат“ во етерот поради нивните автори, туку благодарение на мултипликаторите

луѓе телефони мобилни телефони смартфон телефон
Луѓе со мобилни телефони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Според извештајот на Центарот за истражување на демократијата ЦИД, Македонија но и целиот Балкан изминатава година станала цел на руските и кинеските кампањи за дезинформации, кои имаат за цел да сеат раздор во општествата и да го подриваат демократскиот систем.

Во расчекор од неколку дена во јавноста беа публикувани две истражувања од две реномирани светски организации едната од Франција а другата од Бугарија на тема која го мачи македонскиот медиумски простор.

Имено, дезинформациите и странските влијанија се составен дел од македонскиот но и регионалниот медиумски простор. Лажните вести не “живеат” во етерот поради нивните автори, туку благодарение на мултипликаторите, кои без размислување ги шират лажните вести. Во своето истражување на оваа тема Центарот за истражување на демократијата (ЦИД) од Софија во своја публикација на оваа тема заклучува дека кога се говори за проблемот на лажните вести праксата покажала дека мултипликатори на дезинформациите не се само нивните автори кои најчесто во регионот пристигнуваат од Русија и Кина туку и оние кои подлегнале на невистините информации и ги шират во етерот.

Документот на бугарскиот Тинк Тенк кој е публикуван на повеќе регионални јазици истакнува дека Македонија со своите инситуции се бори против дезинформациите и лажните вести кои се шират преку социјалните мрежи и медиумите.

– Ова е проблем кој не само дестабилизира државата, туку и има потенцијал да влијае на јавното мислење и довербата во институциите – се вели во публикацијата.

Според извештајот, Македонија но и целиот Балкан изминатава година станала цел на руските и кинеските кампањи за дезинформации, кои имаат за цел да сеат раздор во општествата и да го подриваат демократскиот систем.

– Овие кампањи често земаат форма на лажни вести и пропаганда, кои се шират преку социјалните медиуми и други онлајн канали – нотираат авторите на публикацијата.

Според нив една од кључните сознанија на нивното истражување е онаа која вели дека дезинформацијата и незаконските финансиски текови често се преплетуваат едни со други и имаат тесна поврзаност.
Авторите од ЦИД истакнуваат дека руските и кинеските кампањи за дезинформации се организирани и можат да се користат за промоција на бизнис интереси или за криење на коруптивни практики.

– Во некои случаи, овие кампањи можат дури да бидат финансирани од незаконски текови, кои се користат за плаќање на онлајн реклами или за давање мито на новинари и медиумски куќи – се вели во документот на ЦИД.

Дали амбасадите се составен дел од приказната со дезинформациите?

Извор: ЦМД, број на Фејсбук објави на руските амбасади во регионот во државите и нивна интеракција со публиката

Според извештајот, руските амбасади во балканските земји активно шират пропаганда на Фејсбук, но најголемо влијание врз општеството има руската амбасада во Софија. Во извештајот е анализирана бројката на објави на Фејсбук од руски амбасади во неколку земји, меѓу кои и во Македонија, како и вниманието и реакциите што тие ги предизвикале. Според податоците, на прво место од регионот по делување изминатава година е руската амбасада во Скопје која имала 1987 објави на Фејсбук, на второ место е руската амбасада во Подгорица која во истиот период имала 1199 објави, во Софија со 871, во Тирана 639 во Сараево со 294, во Белград 192 и во Загреб само 35.

Дезинфомациите и непрофесионализамот носат недоверба кон медиумите


Во меѓувреме на слична тема, поврзана со медиумскиот професионализам на Балканот неделава беше публикувано и истражувањето на
Репортери без Границиво кое беше истакнато дека во Македонија новинарите не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.
Според извештајот на француската новинарска организација годинешниот резултат е најдобар во последните 15 години за Македонија. Нашата земјава и покрај проблемот со напливот на дезинформации е добро рангирана и може да се спореди со периодот од 2009-та година, кога била на 34-то место.
Организацијата „Репортери без граници“ годинава ја рангира на 38-то место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите. Тоа е скок од 19 места во однос на 2022 година и напредок од 52 места во споредба од пред две години. Но и покрај напредокот, во извештајот се наведува дека новинарите неретко се соочуваат со политички и економски притисок, а дека двете најголеми партии, таа на власт и таа во опозиција си створиле паралелни медиумски системи со што се отвара простор за несакано проширување на дезинформациите.

На глобално ниво во годинашниот извештај се наведува дека новинарството во 2023 година е загрозено од индустријата за лажни содржини и дека лажните содржини имаат силно влијание врз медиумите.
Во дури 118 земји, испитаниците изјавиле дека политичките актери се систематски вклучени во масовни дезинформации или пропагандни кампањи. Големиот развој на вештачката интелигенција предизвикува проблеми и во медиумскиот свет.

Новата реалност креирана од дезинформациите го нагризува професионализмот

Во своја опсервација на оваа тема, балканскиот новинар Вук Ускоковиќ вели дека живееме во реалност на премногу информации кои ги добиваме на дневна основа а во морето на вести до нас редовно за жал пристигнуваат и дезинформации.

Вук Ускоковиќ, Спрски новинар/Фото: Слободен печат – Драган Митрески


– Во оваа реалност, за жал, успехот на еден медиум и новинарството на балканот се мери со бројот на прегледи и лајкови на социјалните мрежи а не со изготвени професионални информации. Состојбите во кои живеат медиумите прават тие да се борат за секој лајк наместо да се борат за профит добиен од професионални новинарски продукти кои не се изготвуваат со голема брзина на пазарот каков што го бараат секгашните услови – вели тој.

Ускоковиќ довава дека сето е произлегува од секојдневието во кое се креираат многу лажни содржини и портали со целосно лажни содржини, кои тенденциозно мешаат факти со фикција.

– Има портали кои понекогаш објавуваат некои вистинити содржини, а потоа често подметнуваат други лажни содржини. Исто така, има портали кои коментарите на корисниците ги претставуваат како факти или такви кои селективно и делумно користат едни факти и игнорираат други –посочува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот