Лазаров: Среќен и горд сум, но цврсто стојам на земја

Еден од најдобрите ракометари во 21 век, македонскиот репрезентативец и селектор, Кирил Лазаров/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кирил Лазаров на најдобар можен начин дебитираше на клупата на ракометната репрезентација на Македонија, со голема победа од 33:29 над актуелниот светски шампион Данска во квалификациите за ЕП 2022.

– Прво сакам да им се заблагодарам на моите играчи и соиграчи кои ги испочитуваа моите инструкции. Благодарност до мојот стручен тим, кој ми помогна да се подготвиме за овој натпревар. Иако ова е нов предизвик за мене и не е психолошки лесно, сепак чувствував позитивна енергија. Бев подготвен и на пораз, но најважно ми беше да го испочитуваме тоа што го договоривме. Имавме храброст да почнеме со генерација 96-98, верував во нив. Дел од ракометарите беа оспорувани, а можеби им треба и малку време да се кренат на психолошки план затоа што јас верувам во нив.Момците го испочитуваа тоа во 90%. Јас сум цел живот напаѓач, но сите овие четири дена инсистирав на одбрана. Им беше смешно затоа што јас им велам да играме добра одбрана. Среќен сум и горд за мене и цела Македонија затоа што со нас сме имале и лоши и добри моменти. Во моментов сум цврсто на земја, кажав и пред натпреварот дека се појавија двајца играчи кои заслужија да бидат меѓу овие 16, но немаше место. Сега да се наспиеме, да се одмориме и да видиме како ќе се подготвиме за мечот во Данска. Уште еднаш огромна благодарност до јавноста затоа што веруваше во нас. Ова е само почеток и јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет – рече Лазаров по победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот