Лазаров: Полесно ми е како селектор и играч, на победи против Финска и Швајцарија

Еден од најдобрите ракометари во 21 век, македонскиот репрезентативец и селектор, Кирил Лазаров/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кирил Лазаров, еден од најдобрите македонски репрезентативци, сега и во улогата како селектор ќе се обиде да биде со националната селекција на големите натпреварувања.

На две кола пред крајот на квалификациите за пласман на следното Европско првенство 2022, Данска е прва со шест бода, колку и Македонија во групата „7“, Швајцарија има четири, а Финска ниту еден.

На 28 април гостуваме кај Финците и се очекува токму против нив да го потврдиме учеството на континенталниот собир, а квалификацискиот циклус ќе го завршиме во Скопје против Швајцарците на 2 мај 2021 година.

Во интервјуто за „Ал Џазира Балканс“ Лазаров го сподели своето првично искуство како селектор, успехот против актуелниот светски шампион Данска.

– Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Посигурен сум кога сум на паркетот и кога можам да ги распоредувам играчите и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат нас постарите некое време за да продолжат да играат сами. Секојдневната подготовка и секој тренинг е важен за нас. Ова е национална селекција, во која нема многу работни денови во годината и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Имам добар тим што го составив. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има и порази, но ги ценам играчите кои даваат 100 проценти и кои се победници – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот