Лазаров ги одбра ракометарите за дуелот со Словенија

Македонија и Словенија играа на СП 2021 во Египет/ фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, ги одбра 19 ракометари со кои ќе и се спротивстави на Словенија во првото коло од Европското првенство.

Вечерва (18 часот) во Дебрецин, Лазаров ќе дебитира како селектор на ЕП и за дуелот со Словенија ќе смета на 19 ракометари од вкупно 21 кои допатуваа во Унгарија.

На трибините во првото коло ќе останат голманот Благојче Трајковски кој непосредно пред заминувањето за Дебрецин беше повикан во репрезентацијата поради позитивните тестови на ковид-19 на голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, како и еден од најмладите со националниот тим Марко Митев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот