Лаури: Сè уште ништо не е готово

Торонто репторс се наоѓа на чекор од освојување на титулата во НБА лигата, откако два пати го совлада Голден Стејт вориорс на негов терен и поведе со 3:1 во победи. Сепак,искусниот бек Кајл Лаури предупредува дека не смее да се отпише тим како Голден Стејт.

– Сè уште ништо не направивме. Остваривме три победи но тоа не е никаква гаранција. Мораме да победиме четири пати и тоа на сите ни е јасно. Играме против актуелниот шампион и тие сигурно нема да се предадат лесно, ќе излезат на теренот и ќе се борат до последните моменти. Повторувам, сè уште ништо не се направиле – вели Лаури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот