Лампард потврди дека Педро ќе го напушти Челси!

twitter.com/Chelsea24News

Челси денеска забележа триумф над Вулверхемптон на домашен терен (2:0) во последното коло од Премиер лигата и така си обезбеди пласман во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

Менаџерот на лондонските „сини“, Френк Лампард им честита на своите играчи за борбеноста и професионализмот, иако беше свесен дека задачата не беше лесна.

Маунт ќе продолжи да биде уште подобар и заслужи да реализира гол за фантастичните перформанси. Играчите заслужија да бидат во Топ 4 на табелата, треба да бидеме среќни со тоа што го остваривме. Искусните играчи заедно со помладите придонесоа за резултатите оваа сезона.

Веќе се фокусираме на финалниот меч од ФА купот против Арсенал (1 август), што се однесува до Жиру, тој одлично игра уште од јануари. Секогаш значаен на тренинзите и соблекувалната, тимот сака да игра со него, задоволни сме што го имаме во екипата. Азпиликуета е стандарден оваа сезона, а воедно можам да потврдам дека Педро го одигра последниот лигашки натпревар за Челси. Голема благодарност за неговиот професионализам и квалитет во текот на сезоната – рече Лампард.

32-годишниот шпански интернационалец Педро беше член на клубот од „Стемфорд бриџ“ од 2015 година со 137 натпревари и 29 голови.

Успеа со клубот да се закити со по една титула во Премиер лигата, ФА купот и Лига Европа.

Мојот последен натпревар на „Стемфорд бриџ“. Благодарност до секој навивач за поддршката низ овие години, до клубот кој ми ја даде шансата да бидам „син“ и до моите соиграчи. Секогаш ќе бидете во моето срце. Сега да се бориме за ФА куп трофејот. ГОЛЕМО СИНО СЕМЕЈСТВО – напиша Педро на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот