Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

epa09044010 Charlotte Hornets guard LaMelo Ball (L) dribbles around Sacramento Kings guard De'Aaron Fox (R) during the second half of the NBA basketball game between Charlotte Hornets and Sacramento Kings at Golden 1 Center in Sacramento, California, USA, 28 February 2021. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, открива Адријан Војнаровски, новинар кој речиси никогаш не греши кога станува збор за информации во најсилната кошаркарска лига. Официјалната потврда се очекува во наредните денови.

Ламело Бол беше трет избор на минатогодинешниот драфт и имаше фантастична сезона во дресот на Шарлот постигнувајќи по 15.7 поени, 6.1 асистенции и 5.9 скокови по натпревар и е еден од најзаслужните што екипата го освои 10 место во Источната конференција и играше во плеј-ин турнирот каде беа елиминирани од Вашингтон.

Видео на денот