„Лајка“ ќе профункционира во јануари

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Точно 105 амандмани се доставени до Град Скопје, при донесувањето на Буџетот за 2020 година.

Драгана Велкова од Левица во еден од нејзините амандмани побара од градоначалникот Петре Шилегов, Градот да ги субвенционира домаќинствата и здруженијата за да ги кастрираат и стерилизираат вдомените животни. Таа смета дека на тој начин ќе се стопира неконтролираното размножување на животните, и ќе се намали бројот на бездомните кучиња.

Амандманот беше отфрлен со образложение дека Градот не би имал увид во средствата што ќе им ги даде на граѓаните.

– Субвенционирање за кастрација и стерилизација е апсолутно неоправдано. Како Градот би вршел надзор на средствата кои ќе се трошат? Ние ќе имаме амбуланта во состав на стационарот „Лајка“, кој ќе го пуштиме во употреба во втората половина на јануари – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот