Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела станаа родители по втор пат

Квентин Тарантино
Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик го добија своето второ дете. Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, го добија синот Лео во февруари 2020 година, а сега станаа родители на девојче.

„Даниела и Квентин Тарантино се среќни да објават дека Даниела роди девојче на 2 јули 2022 година, а нивното прво дете Лео си доби сестричка“, се вели во заедничката изјава на парот за магазинот „People“.

Тарантино и 20 години помладата Даниела, која е ќерка на израелската кантавторка Цвика Пик, се запознале во 2009 година додека режисерот бил во Израел каде го промовирал својот филм „Inglourious Basterds“. Двојката се вери во јуни 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.

Минатата година, во интервју со Џими Кимел, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео. Многумина мислеа дека е именуван по Леонардо ди Каприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Django Unchained“ и „Once Upon a Time in Hollywood“.

„За малку немаше да го именувавме така бидејќи луѓето претпоставуваа дека името го добил по Леонардо ди Каприо. Нема ништо лошо во тоа, но тој беше именуван по дедото на мојата сопруга, но и затоа што во нашите срца беше нашиот мал лав. Значи, тој е лав. Така размислувавме за него“, изјави тогаш оскаровецот. Тарантино и неговото семејство моментално живеат во Тел Авив, Израел и го воспитуваат Лео да зборува и англиски и хебрејски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот