КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП: Фудбалерите без бело знаме против четирикратниот светски шампион

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45) и гостува на селекцијата на Германија во рамки на квалификациите за СП 2022 година во Катар.

Ова ќе биде трет натпревар за избраниците на селекторот Игор Ангеловски, досега имаат половичен успех, несреќниот пораз на гостувањето кај Романија (2:3) и убедливиот триумф на Лихтенштајн (5:0). Германија од друга страна има две победи и тоа над Исланд (3:0) и Романија  (1:0) и е лидер на табелата во групата Ј.
Сепак, иако станува збор за четирикратен светски шампион, фудбалерите немаат намера да излезат со бело знаме.
– За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕП и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме – вели капитенот Горан Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски смета дека самиот податок што играат против една од најсилните и најтрофејните репрезентации на светот, е доволна мотивација за неговите фудбалери. 
– Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите Светски и Европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Затоа не ни треба посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување. Очекувам возбудлив натпревар. Против силни противници играме добро – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот