Курти лут поради Договорот: Белград доби сè

Поранешниот премиер на Косово го критикуваше вчерашниот договор, за кој изјави дека е на штета на Приштина, пренесува Косово онлајн.

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, порача дека, нелегалниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, вчера во Вашинготн потпишал договор сам со себе.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Курти изјави дека вчерашната акција покажала дека предизборната кампања во САД продолжува, пренесе „Блис.рс“.

-Продолжува изборната кампања во САД. Синоќа, во присуство на претседателот Трамп, нелегитимниот премиер на Косово и автократскиот претседател на Србија потпишаа договор со себе- оценува Курти.

Според него, во тие потпишани документи нема ниту една точка врзана за односите со Белград, што би можело да се смета за достигнување на делегацијата од Приштина.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Курти изјави дека вчерашната акција покажала дека предизборната кампања во САД продолжува.

Поранешниот премиер на Косово го критикуваше вчерашниот договор, за кој изјави дека е на штета на Приштина, пренесува Косово онлајн.

-Мораториумот за прашањето за членство и оспорувањето на употребата на Газивода се нивни огромни неуспеси. Сите во нашиот регион се свесни дека„ мини-Шенген“ и помага на хегемонијата на Србија во овој дел на Европа- истакна Курти.

Злосторствата и воената штета, долг што го должи Србија, како што вели, косовската делегација ги игнорирала или заборавила.

-Значи, никаде не е ветено заемно признавање. Напротив, Гренел призна дека се согласил да ја отстрани таа точка. Што донесе оваа делегација на Косово во врска со Србија, без штета, срам и опасност- запраша Курти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот