Кулеба ги предупреди странците во руските редови: И да преживеете, ќе бидете воени злосторници

Дмитро Кулеба/ Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска уште еднаш повтори дека Русија води агресивна војна против Украина, а во објава на Твитер испрати предупредување до странците кои учествуваат во руската инвазија на неговата земја.

– Ги предупредувам странските државјани кои би можеле да се приклучат на руските инвазивни сили: немојте. Веќе покренавме случаи пред меѓународните судови. И да преживееш, ќе бидеш воен злосторник – напиша Кулеба на Твитер.

Тој додаде дека „ништо од ова не вреди ниту за парите, ниту за што било друго“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот