КРВАВА ОДМАЗДА: Убила седум лица кои ја силувале (ФОТО)

Фото: Викимедиа

Ејлин Керол Вуорнос убила седум мажи во Флорида, во 1989 и 1990 година. Тврдела дека ја силувале или пробале да ја силуваат додека работела како проститутка и дека сите ги убила во самоодбрана. Осудена е на шест смртни и била убиена со инјекција на 9 ноември 2002 година.

Родена е во 1956 година во Мичиген. Нејзината мајка имала само 14 години кога во 1954 година се омажила за нејзиниот татко. Следната година добиле син, а годината после таа, два месеци пред Ејлин да се роди, нејзината мајка побарала развод.

Ејлин својот татко никогаш не го запознала. Кога се родила, тој веќе бил во затвор. Боледувал од шизофренија и бил осуден за педофилија. Подоцна, тој се обесил во затвор. Во јануари 1960 година, мајката ја напуштила Ејлин и нејзиниот брат на своите родители. Тие ги посвоиле децата.

На 11 години Ејлин почнала да се проституира во училиште за цигари, дрога и храна. Спиела со својот брат. Тврдела дека нејзиниот дедо, кој бил алкохоличар, сексуално ја злоупотребувал и тепал додека била дете. Кружеле и гласини дека нејзиниот дедо бил нејзиниот вистински татко.

Кога имала 14 години останала бремена, откако ја силувал пријател на нејзиниот дедо. Таа го родила детето во дом и го дала на посвојување. Неколку месеци откако го родила бебето, таа престанала да оди на училиште. Нејзината баба умрела бргу потоа, а дедо и ја исфрлил од куќата во 1971 година. Таа живеела во шума во близина на својата куќа и со проституција заработувала за живот. Уапсена била во 1974 година, бидејќи возела пијана и пукала од пиштол во други автомобили. Две години подоцна таа била во Флорида.

Таа таму го запознала Луис Грац Фел, 69-годишен претседател на клуб за јахти. Истата година тие се венчале. Но Ејлин често била во конфликт со локалните кафулиња, а била уапсена заради напад. И сопругот го удрила, по што тој побарал и добил забрана за приближување. Таа се вратила во Мичиген, каде во 1976 била уапсена за напад. Во истиот месец, нејзиниот брат умрел од рак и добила 10.000 долари од неговото животно осигурување.

Таа се развела од мажот по само девет недели брак. Во август добила казна за пребрзо возење. Ја платила со парите од наследството. Остатокот од парите брзо го потрошила, купувајќи работи меѓу кои бил и автомобил. Во 1981 година била уапсена во Флорида заради вооружен грабеж. Во продавница украла 35 долари и две кутии цигари. Осудена е на затвор, од кој излегла во 1983 година. Наредните години била вплеткана во различни криминални дела – измама, грабеж, напад и закани.

Фото: Викимедиа

Во ноември 1989 година, таа ја убила својата прва жртва, Ричард Малори (51), сопственик на продавница за електроника во Флорида. Тој бил сериски силувач, а Вуорнос тврдела дека го убила во самоодбрана. Во него испукала повеќе куршуми. Неговото тело било пронајдено во шума.

По него, таа убила уште шест лица. Таа ги убила со истиот пиштол. Трупот на еден маж никогаш не бил најден. Последната жртва ја убила во ноември 1990 година. Вуорнос била уапсена во 1991 година. Полицијата ја уапсила и Тајра Мур, нејзина помошничка и бивша љубовница. Таа подоцна сведочела пред судот против Ејлин.

На суд, Ејлин тврдела дека мажите ги убила бидејќи ја силувале или сакале да ја силуваат. Добила шест смртни казни, бидејќи трупот на седмата жртва не бил пронајден. Подоцна таа рекла дека би ги убила повторно. Рекла дека ја нервирало тоа што постојано ја вештачат психијатри.

– Јас сум ментално здрава. Пробувам да ја кажам вистината. Јас сум некој што го мрази човечкиот живот и би ги убила повторно, рекла таа.

Ги обвинила и полицајците кои ја пуштиле да убива. Рекла дека полицијата ја набљудувала и дека знаеле што прави, но дека не ја спречиле. Додека чекала извршување на смртната казна, се жалела на условите во затворот. Тврдела дека ја злоупотребуваат, дека и носат храна со урина, дека сакаат да ја полудат. За последен оброк побарала само чаша црно кафе. Таа била погубена на 9 октомври 2002 година.

Фото: Викимедиа

Таа била десеттата жена убиена со смртна казна во САД. Телото и било кремирано, а пепелта расфрлена под стеблото во нејзиниот роден Мичиген. Ејлин побарала на нејзиниот погреб да свири песната „Carnival“ од Натали Мерчант. Директорот Ник Брумфилд снимил два документарни филмови за Ејлин, а неколку пати ја интервјуирал во затвор пред да ја убијат.

Мислам дека во неа се создала лутина. Работела како проститутка. Имала многу грозни искуства. Во неа растела лутина, која на крајот експлодирала во неверојатно насилство. Тоа бил нејзиниот начин на преживување. Мислам дека Ејлин навистина верувала дека убивала во самоодбрана. Кога си длабоко психотичен не ја знаеш разликата помеѓу тоа што го загрозува животот и тоа што е мала препрека Во исто време кога не била во тоа свое расположение, во нејзе имало полно хуманост – рекол подоцна Брумфилд.

За Ејлин пишувале песни, а во 2003 година за нејзе е снимен филмот „Чудовиште“. Ејлин ја глумела актерката Шарлиз Терон, за што и добила оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот