Кртот во Пентагон бил млад и осамен вљубеник во оружје

Пентагон / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Осамен млад вљубеник во оружје е посочен како „кртот“ што ги обелодени тајните документи на Пентагон што содржат чувствителни информации за националната безбедност на САД и на нивните сојузници.

Извор на весникот „Вашингтон пост“ тврди дека со мажот на возраст од дваесетина години, идентификуван како О Џи, учествувал во групна средба на медиумската платформа Дискорд на која биле „споделувани емоции за оружје и воена опрема“. По неколку месеци дружење О Џи почнал да споделува информации што прилегале дека се транскрипти од строго доверливи државни документи.

– Имаше транскрипти од доверливи разузнавачки документи, за кои О Џи тврдел дека ги донесол дома од воената база во која работел и која одбил да ја посочи. О Џи тврдеше дека е во безбеден комплекс во кој е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди за да не може да бидат преземени документи од владина компјутерска мрежа или да бидат испечатени – раскажал изворот на „Вашингтон пост“.

Тој решил да споделува документи на својот сервер на Дискорд, мрежа популарна меѓу гејмерите, за „полесно да се надмине осаменоста поради пандемијата“.

– Тој сакаше да нѐ задржи во кругот. О Џи веројатно сметаше дека инсајдерските познавања ќе им понуди и на другите заштита од проблематичниот свет околу нив – изјавил анонимниот извор на „Вашингтон пост“.

Отако почна објавувањето на документите на Пентагон, серверот на О Џи бил затворен. Управата на Дискорд објави дека соработува со истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот