Крстевски: Би сакал да имаме некоја победа пред Естонија!

Фото: kfsm.mk

Не беше во комбинација за претходниот циклус, не отпатува за Талин поради повредата на раката. Потоа се бореше и со коронавирусот, но сега сето тоа е зад Бојан Крстевски.

Крилниот центар е повторно дел од националниот тим кој денеска ги заврши мини-подготовките во Скопје и утре заминува за Перм, во обид на кошаркарска Македонија да ѝ донесе уште едно учество на големо натпреварување како Евробаскетот 2022.

– Радува тоа што сите играчи кој ги повика селекторот се ставија на диспозиција и се на располагање за овој квалификациски циклус. Се надевам дека ќе останеме во добро здравје до „балонот“ во Перм. Секако дека е олеснителна околност што летаме директно до Перм. Заштедуваме многу на време, на промена на летови, а освен тоа, и ќе пристигнеме поодморни и посвежи во Перм – вели Крстевски.

Дали треба силите, енергијата да се остават за дуелот со Естонија кој веројатно ќе биде решавачки за нашиот пласман на ЕП, останува да се види..

– Мислам дека треба да одиграме максимално ангажирано на сите натпревари. Покажавме на првиот натпревар со Русија дека можеме да се носиме со нив, а зошто да не е така и со Италија. Секако, би сакал да имаме некоја победа пред натпреварот со Естонија. Добро е што имаме повеќе играчи на високите позиции, бидејќи играме четири натпревари за само пет дена. Ќе ни значи многу. Ќе имаме и поголема ротација и малку повеќе одмор. Очекувам пласман на Европското првенство – додаде македонскиот репрезентативец.

Трајковски: Не не интересираат никакви математики во Перм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот