Кризен штаб Куманово: Владата да почне со подготовки за изградба на Ковид болница

Општинскиот кризен штаб Куманово бара од Владата да почне со подготовки за изградба на Ковид болница, а МВР активно да се вклучи и да реагира кога граѓаните не ги почитуваат мерките. Ова се дел од заклучоците кои ги донесе штабот на денешната 46-та седница.

Штабот бара од Владата во соработка со Општина Куманово да пристапи кон зголемување на капацитетите на болницата за третирање на пациенти со Ковид -19, со подготовка на Ковид болница на простор утврден од Општина Куманово и Министерство за здравство и заедничко инвестирање, со цел да се зголеми капацитетот на Општата болница Куманово и да се подготви за евентуалните пикови во наредниот период на ковид кризата.

– ОШЗС заклучува дека дејствувањата на МВР на територија на Општина Куманово во однос на заклучоците и уредбите на Владата на Република Северна Македонија во однос на почитување на мерките се на незадоволително ниво (не се преземаат доволно превентивни и репресивни мерки од страна на полицијата во извршување на задачите за спречување на CIVID – 19 кризата во смисла на опоменување на поголеми групи во одредени делови на градот, непочитување на социјална дистанца, неносење на заштитна маска и други препораки од Комисијата за заразни болести). Во однос на варијабилниот пораст на нови случаи со COVID-19 на територија на Општина Куманово и североисточниот регион бараме итно дејствување од страна на МВР за да се спречи евентуално зголемување на нови случаи, коишто се последица на непочитување и неодговорно однесување на граѓаните, се наведува во соопштението на штабот.

Штабот бара од Владата и надлежните државни органи да направат увид во делот на организациска поставеност во банките и други приватни јавни институции, кои вршат услужна дејност, како и уплата и исплата на парични средства на граѓаните, дистрибуција на вредносни ваучери и изнаоѓање на механизам и мерки за почитување на владините мерки при вршење на дејноста во вонредна состојба со можност за воведување на нумерациски систем во услугите со зголемување на бројот на капацитети за давање на услуги кон граѓаните со цел да се избегнат постојаните метежи на јавно прометните површини пред овие услужни установи.

– Бараме од Владата да се засили надзорот на северната граница во однос на движење на бегалците, нивно сместување во ТПЦ Табановце и влијанието на населението во однос на здравствената состојба на истото, како и почитување на владината уредба донесена на 26.03.2020 година, се наведува во соопштението.

Од штабот апелираат до граѓаните на Општина Куманово да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ, бидејќи, нагласуваат кризата е во полн ек и да не веруваат на лажни вести коишто ја релативизираат болеста и целосната ковид криза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот