Кривични за два лица за измама со печки на пелети – Слободен печат
Хроника

Кривични за два лица за измама со печки на пелети

Пријавените не ги исплатиле издадените фактури за испорака, со што нанеле материјална штета на фирма од Дебар.

Две лица од Скопје добија кривична пријава поради кривично дело „измама“, пренесуваат од МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „ДЕЛТА ГРУП 2018 ДООЕЛ’’ од Скопје, А.Љ.(33) и С.Р.(24), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-На 25.08.2019 од фирма од Дебар, второпријавениот, како управител на пријавеното правно лице, направил нарачка на 50 печки на пелети, кои биле испорачани на 26/27.08.2019, а третопријавениот со товарно возило ги транспортирал до Скопје. Пријавените не ги исплатиле издадените фактури за испорака, со што нанеле материјална штета на фирмата од Дебар во вредност од 3.201.075
денари- соопштуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close