Кривична за двајца дилери, фати како продаваат кокаин

Фото: Архива

Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со СВР Охрид до Основното Јавно Обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Во периодот од јули до ноември 2021, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.

На улицата „Марко Цепенков” во Охрид, полициските службеници од ОСОСК и СВР Охрид извршиле контрола на патничко возило „ренџ ровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода, за што МВР веќе информираше утринава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот