Кристина Бошнакова ни препорачува: Мора да го пробате! Израдувајте ги најблиските денеска со едноставен и брз колач

„Едноставен и брз колач што мора да го пробате… Ве уверувам дека ќе ве освои уште со првиот залак’

Потребни состојки:

 За основа:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици мелени лешници
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици чоколадни лушпи
  • 2 лажици масло

 За фил:

  • 4 кесички шлаг крем
  • 450 мл. Млеко
  • 2 лажици чоколаден крем
  • 50 мл. лиќер од малина
  • 100 грама црно чоколадо со малина
  • малку путер

Подготовка:

Јајцата изматете ги со шеќерот и постепено додавајте ги другите состојки.

Штом добиете хомогена смеса, истурете ја во тава обложена со хартија и печете околу 15-ина минути на 180 степени.

Шлаг-кремот изматете го со млекото.

Во сад на пареа стопете ги сите останати состојки и додајте ги во садот со шлагот.

Истурете го филот врз основата и оставете во фрижидер околу 3 часа.

Декорацијата нека биде плод на вашата фантазија… јас декорирав со чоколаден прелив и бели чоколадни лушпи.

Послужете и уживајте!

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот