Фото: EPA-EFE/Gabriele Menis

Кристијан Киву и следната сезона ќе биде тренер на Интер

Италијанскиот фудбалски клуб Интер подготвува големи промени ова лето, но едно е сигурно, тренерот Кристијан Киву нема да биде отпуштен.

Иако неодамна се пишуваше дека постои можност Романецот да добие отказ, сега е јасно дека ќе остане на „Џузепе Меаца“, а воедно ќе му бидат дадени поголеми авторитети во клубот.

Покрај позицијата како главен тренер, тој ќе ја извршува и функцијата на менаџер како оние во Англија, кои се занимаваат со тренерска работа, но и со потрага по нови засилувања.

Ова значи дека тој ќе ги избира играчите што ќе дојдат во клубот, но и оние што ќе го напуштат.

Оваа вест е малку изненадувачка, но Интер во последно време добро се справува со Киву.

Иако јавноста е скептична и воопшто не е воодушевена од работата на Романецот и неговиот тренерски штаб, дури и кога работите одат добро.

– Очигледно останува, повторно ќе биде со нас. Киву е еден од најдобрите менаџери во подем во Европа – вели претседателот на Интер, Марота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот