Фото: Profimedia/Скриншот/ТикТок

Крис Мартин не се откажува од „камерата за бакнежи“: Пејачот конечно го искоментира виралниот скандал на концертот на „Колдплеј“

И покрај виралниот скандал што ја потресе јавноста, пејачот на „Колдплеј“ Крис Мартин нема намера да ја укине познатата „камера за бакнежи“ на концертите на бендот.

Сцената која ја видоа илјадници фанови на концерт во Бостон, кога на големиот екран беше прикажан тогашниот извршен директор на „Астрономер“ Енди Бајрон во интимен момент со колешката Кристин Кабот, предизвика лавина реакции и стана глобално вирална. Подоцна се откри дека двајцата се во брак со други партнери.

„Веќе долго време ја користиме камерата за бакнежи, а дури неодамна стана… да, ова. Животот ти дава лимони и мораш да направиш лимонада. Затоа ќе продолжиме, бидејќи сакаме да ве запознаеме“, им порача Мартин на присутните.

Додека разговараше со публиката, тој прочита и неколку транспаренти, меѓу кои и на еден обожавател кој признал дека бил на три концерти за само три месеци.

„Беше и во Бостон, нели? Па добро, благодарам што пак дојде после оној дебакл“, се пошегува фронтменот.

Виралната снимка покажа како парот, откако сфатил дека е фатен од камерата, се обидува незгодно да се сокрие. Мажот се наведнал, а жената го свртела лицето. Тогаш Мартин во живо коментираше: „Или имаат афера, или се само многу срамежливи“.

По скандалот, сопругата на Бајрон, Меган Кериган Бајрон, го отстрани неговото презиме од социјалните мрежи и се повлече од јавноста, засолнета во нивната вила во Мејн. Кристин Кабот, пак, беше фотографирана без бурма пред својот дом во Масачусетс, додека самиот Бајрон сè уште не е виден во јавноста.

Фатен на дело: Суспендиран директорот на „Астрономер“ по аферата на концертот на „Колдплеј“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот