Кремљ: Со Трамп беше лошо за Русија, ама барем се разговараше
Кремљ оцени дека за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп „немало ништо добро за Русија“, но единствената позитивна работа во односите било тоа што имало дијалог меѓу Москва и Вашингтон.
Препорачано
– За време на (претседателскиот мандат на) Трамп не беше направено ништо добро за Русија. Напротив, беа воведени сѐ повеќе и повеќе рестрикции. Но, барем имаше дијалог. Тоа може да се смета за позитивен елемент – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето да ги коментира изјавите на Трамп за работните односи со рускиот претседател Владимир Путин.
Песков изјави дека Русија и Путин се теми што традиционално се важни во предизборните кампањи во САД.
На атентатот врз Доналд Трамп во саботата Русија реагираше со напад врз американските либерални вредности, оценувајќи го како „самоубиство на демократијата“ и прогнозирајќи „граѓанска војна и распаѓање на САД“.
Песков тогаш изјави дека претседателот Џо Бајден и Демократската партија „го испровоцирале нападот врз Трамп – прво со легални средства, со судии и обвинители, а потоа со политички дискредитирање и компромитирање“.


