Кремљ: Ништо нема да фрли сенка на посетата на Вучиќ на Русија

Кремљ се радува на претстојната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Русија и се надева дека ништо нема да фрли сенка на неа.

Тоа го изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Потврдуваме дека во тек се припреми за таа посета и се радуваме на неа. Веруваме дека таа е исклучително важна. Свесни сме на фактот дека постојат одредени страни кои би сакале однапред да ја прекинат таа посета и убедени сме дека тоа нема да можат да го направат“, рекол Песков на новинарите, пренесува Тасс.

Како што рекол, таа посета ќе биде значајна, продуктивна и уште еднаш ќе го потврди партнерскиот однос на Србија и Русија. Како што се наведува, Вучиќ во Русија ќе отпатува на 4 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот