Креаторот на хаосот во Формула 1 ќе добие отказ?

Мајкл Маси- лево/ фото: EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Директорот на трките во Формула 1, Мајкл Маси, се наоѓа пред отказ, откри Питер Баер извршниот директор на Светката автомобилистичка федерација (ФИА) задолжен за едноседи.

Челниците на ФИА ги бараат виновниците за контроверзната трка во Абу Даби на која се решаваше за шампионската титула. Тогаш по рестартот на трката, Марк Ферстапен во последниот круг го претекна Луис Хамилтон и му ја „украде“ титулата на Британецот кој дотогаш водеше.

Случувањата не беа грешка на Ферстапен, туку на директорот на трките Мајкл Маси кој не го применуваше истиот критериум во текот на целата сезона и со донесените одлуки во Абу Даби го загуби кредибилитетот, но и „компасот“ до таа мерка што не го употребуваше правилникот. Порадо тоа ќе сноси последици, најави еден од извршните директори на ФИА.

– Во бројни ситуации Мајкл добро си ја заврши работата и му го кажавме тоа. Но постои можност да добиеме нов директор на трките – изјави Баер кој најави дека улогата на директор на трките може да биде проширена на неколку лица бидејќи само еден  тешко би можел да ги филтрира сите одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот