Кражбите им нанесуваат повеќе штета на маркетите од короната и инфлацијата

Архива на СП

Крадењето по продавниците е се поголем проблем, а неговиот број е во пораст поради растот на онлајн пазарите, каде украдената стока може да се продава анонимно. Светски познатиот трговски синџир „Таргет“ загубил 500 милиони долари поради кражби во своите продавници.

Извршниот директор Брајан Корнел вели дека слабата продажба и колебливите клиенти не се единствената причина за загубите оваа година, бидејќи украдената стока има значително влијание врз крајната линија на компанијата. Таргет загубил дополнителни 500 милиони долари поради организираниот криминал на мало во своите продавници, вели тој.

– Проблемот нè засега сите нас, бидејќи на овој начин се ограничува достапноста на производите, се расипува искуството за купување, а нашиот тим и клиентите се изложени на ризик – вели Корнел.

Главниот финансиски директор на американскиот трговски гигант, Мајкл Фиделке, пак, вели дека кражбите ја намалиле нивната заработка за 1 отсто во споредба со минатата година.

Скокот во обемот на кражбите се должи и на растот на онлајн-пазарите, каде украдената стока може да се продава анонимно.

Конкуренцијата на „Таргет“ го има истиот проблем со криминалот во малопродажбата, па продавниците ширум САД инсталираа безбедносни брави на популарната, често украдена стока. Тоа не е случај само во Америка, туку се случува во целиот свет. Има многу производи кои имаат карактеристичен „звук“ на амбалажата, а вработените во продавниците стануваат сѐ повнимателни и будно следат што се случува во нивните продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот