ФОТО | Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со круна стара 400 години

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната година, а кралското семејство објави фотографија од круната со која ќе биде крунисан.

Станува збор за круната на Свети Едвард која е стара речиси 400 години.

„Кралот ќе биде крунисан со круната на свети Едвард за време на службата за крунисување на 6 мај 2023 година“ – напишаа тие.

Дел од Британците се бесни бидејќи кралското семејство ќе организира крунисување во време на криза и инфлација.

„Убава круна, но јас седам во мојот стан во капут“, „Не сте нормални, луѓето се смрзнуваат, а вие организирате крунисувања“, „Не ми се верува што се случува, никогаш не сме биле во поголема криза, луѓето немаат парно, а вие ја работите оваа работа, вратете ги парите на народот“, пишуваат дел од Британците.

Некои со нетрпение го очекуваат крунисувањето и веруваат дека новиот крал и кралица ќе внесат малку гламур и радост во тажното секојдневие на Британците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот