Кралицата заминува во историјата, отсега гувернерка ќе владее со Барбадос

барбадост прослава
Барбадос утре го прославува одвојувањето од влијанието на Велика Британија, станува република / Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Барбадос се подготвува да ги прекине врските со британската монархија, како и со наследството од понекогаш бруталното колонијално минато. Сето тоа дополнето со ковид пандемијата е сериозен предизвик за овој карипски остров, кој ќе стане нова република во светот.

Познат по своите рајски плажи и крикетот, Барбадос следнава недела ќе ја замени кралицата Елизабета Втора, а со островот самостојно ќе почне да управува сегашната претставничка, генералната гувернерка Сандра Мејсон.

Свеченостите што ќе се одржат во понеделник навечер вклучуваат воена парада и прослави по повод претседателската инаугурација на Сандра Мејсон. 

Новиот начин на управување поттикна расправа кај граѓаните на Барбадос, кои ги има 285 илјади, за вековното британско влијание, вклучително и 200 години ропство до 1834 година.

-Што направи оваа кралица за нас? Што значи таа за мене и мојата земја? Прекрасно ќе биде да се има претседателка на земјата, вели една продавачка на риба од главниот град Бриџтаун, пренесува Ројтерс.

Според младата активистка Фирхана Булбулија, основачка на Муслиманското здружение на Барбадос, британскиот колонијализам и ропството се причина за сегашната нееднаквост на островот.

Инаку, конечната независност Барбадос ја има постигнато во 1966 година, но останува под формална управа на Велика Британија сѐ досега. Некои граѓаи на Барбадос сметаат дека Британија треба да им исплати отштета поради годините поминати во ропство на луѓе донесени од Африка за да работат на плантажите за шеќер, пренесува Ројтерс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот