Крај за САД и Србија, обложувалниците го предвидуваат новиот светски шампион!

fiba.basketball

Иако се најавуваше, така и размислуваше светската кошаркарска куќа (ФИБА) во своите проценки, односно ранкинзи, дека САД и Србија ќе се борат за светското злато во Кина, тоа нема да се случи.

Според обложувалницата „bwin“, сега најголеми шанси за светската титула им се даваат на Шпанија и Франција кои имаат иста квота (2.75) како победник на СП 2019.

На третата позиција е сместена Австралија (4.00) која за првпат е помеѓу најдобрите четири селекции на СП, а најмали шанси им се даваат на Аргентинците (8.00).

Од овие четири селекции последна која успеала да се искачи на тронот е Шпанија на Светското првенство во 2006 година, нејзина прва титула и единствен досега медал.

Франција има само една бронза во својата историја, а Аргентинците се закитиле со два медали, едно сребро во 2002 година и едно злато и тоа на првото организирано СП во 1950 година токму на нивно тло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот