Австралија за првпат во мундијалско полуфинале (ВИДЕО)

fiba.basketball

За првпат во својата историја на светските шампионати, Австралијците обезбедуваат пласман помеѓу најдобрите четири кошаркарски репрезентации во светот.

Претходно најдобриот пласман го имаа во далечната 1986 година кога на СП во Шпанија го освоија петтото место.


Во полуфиналето на 13. септември од 10.00 часот по македонско време Австралијците ќе ги одмерат силите против Шпанија која претходно триумфираше над Полска со 90:78.

На денешниот дуел против Чесите доминираше кој друг ако не Пети Милс со 24 поени (шест асистенции), а на спротивната страна Патрик Ауда се истакна со 21 кош.

Да додадеме уште дека в петок, но од 14.00 часот во втората полуфинална пресметка Аргентина ќе се соочи со Франција која приреди изненадување елиминирајќи го досегашниот бранител на титулата, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот