Крај на сагата: Мукоко потпиша нов договор со Борусија Дортмунд

Фото: Borussia Dortmund/Тwitter

Jусуфа Мукоко кој беше мета на многу европски гиганти денес потпиша нов договор со Борусија Дортмунд со важност до 2026 година.

Имаше интерес за Мукоко од Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед…Но на крајот 18-годишниот фудбалер одлучи да продолжи да ги брани боите на „милионерите“.

Мукоко на потпишувањето на договорот истакна дека бил свесен за интересот од гигантите, но дека со своето срце одлучил да стави потпис на нов договор.

„Навистина сум почестен од интересот на другите клубови, меѓутоа ова е одлука која ја донесов со срце. Фановите секогаш ми даваа поддршка и сакав да им вратам за таа доверба“, изјави Мукоко.

Инаку, Мукоко пред една недела беше во центарот на вниманието на јавноста поради сомнежите за неговите години. Во јавноста се појавија одредени информации дека место 18 како што е официјално наведено има 22 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот