Крај на една ера: Спарси после 22 години без плеј-оф!

twitter.com/BleacherReport

Дојде крај на најдолгата низа на учество на една екипа во доигрувањето во историјата на ова натпреварување.

Сан Антонио Спарс предводен од тренерот Грег Попович после 22 години нема да игра во плеј-офот на НБА лигата.

Со победите на Мемфис и Феникс, и дефинитивно Спарси беа исфрлени од понатамошниот тек на натпреварувањето.

Последен пат составот од Тексас не играше во плеј-оф во сезоната 1996/97. Во текот на претходните 22 години забележаа дури 170 победи во доигрувањето и петпати се закитија со шампионскиот прстен.

Оваа сезона ја завршуваат на 11 позиција во Западната конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот