Крадци во домот на Касемиро

twitter.com/Realmadridplace

За време на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, крадци влегле во куќата на бразилскиот играч Касемиро, кој е член на Реал.

Фудбалерот веднаш по мечот ја дознал лошата вест и со полициска придружба бил префрлен до дома.

Во моментот кога натрапниците влегле во домот на Касемиро, таму биле неговата сопруга и ќерка. Сопругата и ќерката не се повредени, но претрпеле голем стрес. Не се знае точно што и колку украле крадците.

Реал Мадрид одамна ги има советувано своите играчи да не објавуваат слики и видеа од внатрешноста на нивните домови, но Касемиро живее во населбата Ла Моралеха, во која живеат богати фудбалери и тие се честа мета на крадците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот