Ковид го покори Холивуд: Ѕвездите се заразија на доделувањето на Златните глобуси

Џејми Ли Кертис/ Колин Фарел/ Мишел Фајфер/Фото: Профимедиа

Се чини дека долгоочекуваните Златни глобуси доделија многу повеќе од само награди минатата недела, бидејќи некои од присутните номинирани синоќа го пропуштија доделувањето на наградите „Изборот на критичарите“ (Critics Choice Awards), откако беа позитивно тестирани за ковид-19.

Меѓу заразените холивдуски ѕвезди е и актерката Џејми Ли Кертис, која е во карантин откако дозна дека е позитивна на ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)


„По ѓаволите, ковид!“, напиша денеска на социјалните мрежи Џејми Ли Кертис (64) која пред неколку дена присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси во Беверли Хилс. Познатата актерка имаше важна улога на церемонијата, па на својот колега Еди Марфи заедно со Трејси Морган му врачи специјална награда.

Актерката истакна дека ќе мора да ги пропушти наградите од Изборот на критичарите, а номинирана беше за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во „Everything Everywhere All Once“.

Џејми објави фотографии од три различни домашни тестови кои ги направила, а секој со ист позитивен резултат.

Синоќа беше откриено дека и актерите Брендан Глисон и Колин Фарел (кој ја освои наградата за најдобар актер – мјузикл/комедија на Златните глобуси) од „The Banshees of Inisherin“ исто така ќе ги пропуштат наградите „Critics Choice Awards“ откако се заразиле со ковид-19, пишува „Холивуд репортер“.

Колин Фарел и Мајкл Мекдона / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Мишел Фајфер (64) исто така ги растажи фановите во неделата. Во објава на Инстаграм, Фајфер сподели дека е позитивна на ковид-19, и како што рече, нема да може да му честита лично на Џеф Бриџис, нејзиниот сакан колега.


Иако сега е невозможно да се пронајде трагата на секој актер за да се утврди кога и каде бил изложен на ковид-19, се појави загриженост дека Златните глобуси, на кои главно сите беа без маски, можеби придонеле за ширење на високо заразната варијанта кракен која брзо станува доминантен сој во САД.

Џејми Ли Кертис е позитивна на Ковид-19: Актерката е тажна бидејќи ќе пропушти бројни филмските награди

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Модата на Златен глобус: Марго Роби синоним за елеганција, Хајди Клум разочара со кичеста креација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот