Ковид-19 во Франција: Рекорден број на хоспитализации во 2021 година

Фото: EPA-EFE/SASHENKA GUTIERREZ

Бројот на пациенти со ковид-19 во болниците низ Франција достигна рекорден број од ноември минатата година. Од 28.029 пациенти во болниците, на одделенијата за интензивна нега се сместени 3.270. И бројот на хоспитализирани и бројот на пациенти на интензивна нега е најголем оваа година.

Над 28.000 пациенти во болнички кревети за последен пат беа регистрирани на 30 ноември во 2020 година, додека рекорден број на хоспитализирани во земјата имаше на 16 ноември лани – 33.497.

Во Франција се потврдени нови 23.337 случаи на коронавирусот, што е голем скок во однос на вчерашните 4.347 и повеќе дури и од минатиот понеделник кога беа регистрирани 22.086 заразени лица, соопшти француското Министерство за здравство.

Министерството за здравство, исто така, соопшти дека е зглемен и бројот на починати – вчера се регистрирани уште 726 смртни случаи, во споредба со 455 во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот