Ковачевски за Заев: Во СДСМ никој никому не чува фотелја!

Фото: Влада на РСМ

Во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови, рече премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител.

Една од темите што се отворија во разговорот беше враќањето на поранешниот лидер Зоран Заев во партијата, на координативен состанок на т.н. стратешки тим на партијата, што беше проследено со голем интерес во јавноста. Ковачевски негираше дека зад таа средба се крие нешто повеќе од она што беше објавено.

„Се работи за состанок на кој беа присутни партиски другари. Јас пред да бидат претседател на СДСМ бев член на Извршен одбор во кој беше претседател Зоран Заев, сум бил во Извршен одбор кога била претседател Радмила Шеќеринска, но и кога бил Бранко Црвенковски“, рече премиерот.

Според Ковачевски, средбата на која присуствуваше Заев, а по чие завршување имаше само кратка објава на социјалните мрежи и неколку фотографии, била показател дека СДСМ е отворена партија за секого, без разлика на која позиција се наоѓа во државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот