Ковачевски за планот за пуч: Не го коментирам Заев, тој самиот демантираше

Димитар Ковачевски и Зоран Заев
Димитар Ковачевски и Зоран Заев / Фото: Фејсбук, Зоран Заев

Премиерот Димитар Ковачевски за наводниот план на експремиерот и експретседател на СДСМ Зоран Заев за пуч изјави дека нема да коментира бидејќи самиот Заев ги демантирал тие информации.

„Мојот однос со сите претходни претседатели на партијата е на ниво на комуникација со луѓе коишто се вградиле како во развојот на партијата и во развојот на државата, бидејќи сите извршувале високи државни функции и секако дека искуството кое го имаат, доколку биде потребно тогаш јас знам да се консултирам со нив. Најголемиот дел од претседателите присуствуваа на трибините и со тоа ја искажаа  својата поддршка. Заев ги демантираше тие наводи и не коментирам други политичари. СДСМ е консолидирана партија и своите политиките ги гради на состаноците на извршниот и на централниот одбор, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот